example

Никола Митревски

Роден на 3 октомври 1985 година во Битола - Македонија, мојата најголема љубов е да бидам на теренот, облечен во ракометниот голмански дрес, и преку моите виртуозни одбрани и асистенции со играчите и со тимот да придонесувам за заедничкиот успех. Секогаш настојувам да го негувам спортскиот дух, како на теренот така и во моето опкружување. Повикот во репрезентацијата за мене е секогаш на прво место — црвено-жолтите бои се симбол на гордост, пожртвуваност и постојана мотивација.

Nikola Mitrevski handball player

Тоа што окото не може да види, статистиката ни го носи јасно

Во последните децении, ракометот се разви во спорт во кој науката и технологијата се интегрален дел од врвниот перформанс. Јас постојано ги следам и анализирам и научните и практичните пристапи, разгледувајќи ја нивната иновативна примена во играта. Иако резултатите од овие напори понекогаш можат да изгледаат минимални и не се веднаш очигледни, тие значајно придонесуваат за мојот личен развој како ракометар. Преку користење на современа технологија, овие подобрувања стануваат мерливи и видливи. Редовно вршам детални анализи пред и по тренинзите и натпреварите, што ми овозможува да ги усовршувам и прилагодувам моите перформанси според природата и важноста на секој натпревар.

Rakometna statistika - Nikola Mitrevski handball player

Кога ми се дава шанса гледам да помогнам во тоа што е планирано од диригентот

Моето ракометно знаење и вештини мора целосно да бидат интегрирани во хармонијата на тимот, која на крајот носи нови победи. Сепак, тактиката и стратегиите на мојата игра секогаш се водени од тренерот, нашиот "диригент" на тимот. Одржувањето професионална усогласеност со тимот не само што обезбедува врвни перформанси, туку создава и силни спортски и меѓучовечки односи, подобрувајќи ја целокупната кохезија и атмосфера. За време на клучните моменти од натпреварот, големните одлуки можат значително да влијаат врз исходот, и јас сум целосно свесен за оваа одговорност. Ова сознание ми дава дополнителна мотивација и длабоко чувство на одговорност.

Rakomet- Nikola Mitrevski handball palyer

Секогаш позитивен поглед и мојата индивидуална и тимска работа помагаат да се преброди непознатото

Непознатоста секогаш ја доживувам како предизвик. Настојувам да бидам позитивен на тренинзите и на натпреварите, без разлика дали сум фаворит или аутсајдер. Преку индивидуална работа и континуирано усогласување со тимот, се обидувам брзо да пребродам непознатости и предизвици. Моето повеќедецениско искуство ми помага да ги решавам непознатостите многу побрзо и на тој начин да влијаам на мојот личен и на заедничкиот успех.

Intervju - Nikola Mitrevski handball player

Несебично придонесувам за препознатливост на мојот град Битола и мојата Македонија

Кога моето име беше напишано на јужнокорејски како 니콜라 = НИКОЛА и 미트레프스키 = МИТРЕВСКИ, почувствував голема гордост за своето потекло – мојата Битола и мојата Македонија. Овој момент ја истакна мојата професионална посветеност и напорите што ги вложувам на теренот, како и врската со мојот роден град, кој го сметам за вистински бренд. Многу сум горд што сум дел од овој бренд и што мојата работа се споредува со неговите вредности.

Rakometna statija koreja - Nikola Mitrevski

Заедничка радост со моите фанови

Моите емоции секогаш се зголемуваат со поддршката на моите фанови, кои ми даваат посебна енергија на теренот. За да ја оправдам таа доверба, го давам срцето во секој момент од играта и никогаш не се предавам, што сум го докажал многу пати. Поддршката на моите фанови се чувствува и надвор од теренот – не само во мојот матичен град, туку и на места каде што не очекував дека ќе ме препознаат. Многу сум благодарен што ме поздравуваат по име и секогаш ја чувам големата почит кон моите ракометни фанови и спортски пријатели.

Rakometni fanovi i prijateli - Nikola Mitrevski